Судот е на нејзина страна: И покрај противењето на поранешниот сопруг, Хајди Клум ќе ги одведе децата во Германија (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Откако во медиумите одекна веста дека поранешните сопружници Хајди Клум и Сил се на суд бидејќи не можат да се договорат околу плановите за своите деца, славната Германка има причина за славење. Судот пресуди во нејзина корист.

Пред неколку денови во странските медиуми се појави документ во кој Хајди Клум бара помош од судот, а се со цел со поранешниот сопруг да се договори за неколку новости околу одгледувањето на заедничките деца.

Фото: Профимедиа

Иако за време на девет години брак и подоцна по разводот тие останаа во коректни односи, сега Хајди и славниот пејач наидоа на препрека која очигледно не можеа сами да ја решат. Хајди имено порадни новата деловна соработка своите деца сака на неколку месеци да ги одведе во Германија, а таткото на децата се спротивставил на тоа поради стравот од пандемијата која се уште владее во светот.

Фото: Профимедиа

Поранешна манекенка потоа се обратила до судот, со намера да го реши родителскиот проблем. Објаснила дека децата и онака живеат кај неа, додека Сил ги гледа повремено. Нагласила дека ги земала во предвид сите околности и дека нема намера децата да ги доведе во опасност од зараза, а притоа ова би била и сјајна прилика сите заедно повторно да ги посетат бабата и дедото во Берлин, од каде што потекнува Клум.

Според најновите сознанија, судот многу брзо го решил овој спор, и тоа во корист на 47-годишната Клум. Магазинот „People“ пишува дека Хајди оваа есен заминува во Берлин, а децата ќе патуваат со неа и се многу весели поради тоа. Клум ја очекува деловниот проект во склоп на новата сезона од реалити шоуто „Next Top Model“.

Фото: Профимедиа

Сил и Хајди делат три деца, 10-годишната ќерка Лоу, 13-годишниот син Јохан, 14-годишниот Хенри, а познатиот музичар уште не почетокот на бракот ја посвои и нејзината ќерка Хелен која таа ја доби со Флавио Бриаторе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот