Судот донесе одлука: Поранешната сопруга на Кевин Костнер ќе мора да се исели од нивниот дом до крајот на месецот

Фото: EPA/MICHAEL NELSON

Кевин Костнер постигна победа пред судот во средата, во спорот околу разводот од неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер.

Судијата ѝ нареди на дизајнерката на чанти да се исели од нивниот заеднички семеен дом до 31 јули, почитувајќи ги условите на нивниот предбрачен договор, пишува „Пејџ сикс“.

Адвокатите на Баумгартнер, тврделе дека таа нема доволно време и пари да најде друго место за живеење до крајот на месецот и побарале од судијата да одобри продолжување на рокот до 15 август. Сепак, судијата на крајот го одбил нивното барање.

Во мај, Баумгартнер поднесе барање за развод по 18 години брак со холивудскиот актер, поради „непомирливи разлики“.
По нејзиното поднесување барање за развод, Костнер тврдеше дека Баумгартнер одбива да се исели од нивниот заеднички дом и покрај тоа што во нивниот предбрачен договор било наведено дека таа имала 30 дена да го напушти нивниот дом.

Актерот изјави дека на поранешната манекенка веќе и дал над 1,2 милиони долари согласно неговите предбрачни обврски, кои, според него, биле повеќе од доволно за да најде друго место за живеење.

Костнер, наводно, ѝ понудил на својата поранешна сопруга аванс од 10.000 долари за нејзините трошоци за селење и 30.000 долари месечно за изнајмување куќа „како дел од обврските за издршка на децата“.

Баумгартнер тогаш тврдеше дека нејзиниот сопруг „нема правна основа“ да ја избрка. Мајката на три деца, која тврдеше дека немала работа откако се родил нивниот најстар син во 2007 година, бара 248.000 долари месечно за издршка .

Кевин Костнер: Мојата поранешна сопруга бара 248.000 долари алиментација за да си ги плаќа пластичните операции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот