Кевин Костнер: Мојата поранешна сопруга бара 248.000 долари алиментација за да си ги плаќа пластичните операции

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерот Кевин Костнер (68) тврди дека неговата, сега веќе, поранешна сопруга Кристин Баумгартнер (49), со која има три деца, бара алиментација од 248.000 долари месечно за да ги финансира своите пластични операции.

Во новите судски документи до кои дојде „Ти-ем-зи“, Костнер тврди дека 248.000 долари вклучуваат повеќе од 100.000 долари за естетските корекции на Баумгартнер, како и илјадници долари за нејзина облека и други трошоци кои не се поврзани со нивните деца.

Сметководителот на Костнер вели дека ова се еднократни трошоци, кои немаат никаква врска со издршката на децата. Во документите се тврди дека Костнер ги платил сите трошоци за децата и ќе продолжи да ги прави, нагласувајќи дека смета дека 51.940 долари месечно се разумна сума.

Баумгартнер навела дека оваа сума на алиментација ѝ е потребна за таа и нејзините три деца, Кајден (16), Хајес (14) и Грејс (13), да продолжат да живеат онака како што се навикнати.

Како потсетување, Кевин Костнер поднесе документи на суд во кои побара неговата сопруга да го напушти неговиот дом. Првично, 49-годишната дизајнерка не сакаше да го напушти нивниот имот од 145 милиони долари, и покрај нивниот долг предбрачен договор во кој беше наведено дека имала 30 дена да го напушти нивниот дом, откако поднесе барање за развод на 1 мај.

По неколку недели судски борби, Баумгартнер се согласи да го напушти имотот, само доколку славниот Костнер ѝ даде повеќе пари. Баумгартнер вели дека ќе го ослободи имотот на 31 август 2023 година, доколку Костнер ги исполни „сите побарувања за поддршка и алиментација што судот ги донесе на сослушувањето на 12 јули“.

Актерот, изјави дека е подготвен да преземе дополнителни „финансиски обврски“ доколку тоа ѝ помогне да го напушти неговиот дом.

Во судските документи се наведува дека тој е подготвен да плаќа 30.000 долари месечно за издршка и кирија и дека е подготвен да плати уште 10.000 долари за нејзините трошоци за селидба, а претходно беше објавено дека Костнер наводно веќе и дал на Баумгартнер околу 1,45 милиони долари, со што и обезбедил доволно средства за да најде ново место за живеење.

Имено, ова е втор брак на актерот. Од 1978 до 1994 година беше во брак со актерката Синди Силва (66), со која има и три деца: Ени (39), Лили (36) и Џо (35).

Тој започна да се забавува со Баумгартнер во 2000 година, а се венчаа во Аспен, Колорадо, во 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот