Судирите во Портланд се префрлија на политичката сцена: Трамп го обвинува градоначалникот, а Бајден го обвинува Трамп (ФОТО/ВИДЕО)

Доналд Трамп / Џо Бајден

Смртоносните судири во Портланд во сојузната држава Орегнот се пренесоа и на врвот на американската политичка сцена во форма на остри обвинувања и навредливи изјави кои ги разменија ривалите на претстојните претседателски избори, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден.

Портланд, САД / 30 август 2020 / Фото: John Rudoff / ddp USA / Profimedia

Претседателот Доналд Трамп го обвини градоначалникот на Портланд, демократот Тед Вилер, дека дозволил „смрт и уништување во својот град“, а неговиот демократски противкандидат на претстојните претседателски избори, Џо Бајден го обвини Доналд Трамп дека „подржува насилство“.

Во Портланд се судрија припадници на ултрадесничарската расистичка организација која го подржува претседателот Трамп со демонстрантите на движењето „Црните животи се важни (Black lives matter)“, кои го претворија Портланд во срцето на сите американски протести против полициска бруталност и масовен расизам меѓу припадниците на американската полиција.

Протести во Портланд, Орегон, САД / Фото: John Rudoff / ddp USA / Profimedia

Протестите започнаа веднаш по суровото полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис на 25 мај и оттогаш континуирано се протестира во поголем број американски градови.

Градоначалникот на Портланд упати апел на сите Американци кои најавија дека ќе „дојдат да се одмаздат“ и им порача да не доаѓаат, а претседателот Трамп го обвини дека поттикнува „омраза и поделба“.

Трамп преку Твитер возврати со навредлива порака дека Портланд никогаш нема да закрепне „додека будала е на позиција градоначалник“.

Демократите и републиканците постојано меѓусебно се обвинуваат за поддршка на насилство и деградација на правната држава.

Во конфликтот меѓу ултрадесничарската, расистичка организација и припадниците на движењето „Црните животи се важни“, загина еден член на расистичката организација „Патриотска молитва“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот