Ѓоко Ристов, судење / Фото: Слободен печат

Судијата Ристов не се чувствува виновен за заѕиданите пари — Обвинителството ќе докажува дека криел имот и перел пари, а одбраната дека „ѕидовите зборуваат“

Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација. Вака се изјасни поранешниот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, кој е суспендиран откако Обвинителството му најде пари заѕидани во цигли во кујната во куќата на семејниот дом  на родителите во Неготино.

Судијата Ристов кој долги години судеше во Кривичниот суд, денеска седна од спротивната страна, на обвинителското столче. Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведниот говор порача дека ќе докаже дека Ристов лажел и го прикривал својот имот, му биле најдени 350 илјади евра кои се всушност 450 просечни плати и за овие пари и за големиот имот тој нема покритие. Таа рече дека ќе докаже дека парите во семејната куќа биле негови, стекнати со трговија на влијание. Хаџи Василева ќе докажува и перење пари.

Токму на ова кривично дело детално му се посвети Ристов, дека Обвинителството нема да може да го докаже.

Неговиот адвокат Звонко Давидовиќ пак рече дека ќе докажат дека ѕидовите зборуваат, а доказите молчат и дека ова е холивудско правно издржан филм, користејќи го емотивниот набој на јавноста.

Судијата Ристов лично ги заѕидал 350-те илјади евра во ѕид – Ѓаволот дал гаранција од пола милион евра

Тој најави дека ќе докажат дека парите се на неговите родители и дека нивниот имот е легално стекнат.

Ристов падна откако прво беше уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој во Обвинителство ги пријави контроверзниот обвинет и осуден бизнисмен Љупчо Пецов Ѓаволот. Тој пријави дека Стафа му барал пари за да издејствува домашен притвор кај Ристов додека е во бегство.

Судијата Ристов лично ги заѕидал 350-те илјади евра во ѕид – Ѓаволот дал гаранција од пола милион евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот