Судењето за Кочани почнува по изборите – стартот е закажан за на 19-ти ноември во Идризово
Судењето за трагедијата во Кочани ќе почне по изборите, односно стартот е закажан за на 19-ти ноември во 9.30 часот во судницата во затворот Идризово, соопшти Кривичниот суд. Предметот е во надлежност на скопското јавно обвинителство, па откако обвинението беше одобрено во целост, предметот беше распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска.
Препорачано
-Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи. Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава – соопшти Судот.
Од Судот информираат дека покрај судиите кои се изземаа од постапување пред оцена на обвинителниот акт, дополнително од постапување се изземале и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска заради исполнување на Законските одредби односно лично познанство со дел од оштетените.
-Со оглед на бројот на обвинети и интересот кај медиумите, како суд укажуваме на сите учесници во постапката да бидат присутни во судницата најмалку еден час пред закажаниот термин, заради неопходните безбедносни процедури како и навремено отпочнување со расправата, а сите акредитирани медиуми навреме да ги обезбедат неопходните дозволи за снимање и фотографирање од Врховниот суд на РСМ – дополнуваат од Кривичен.
Родителите на дел од загинатите млади луѓе од Кочани почнаа блокада на кружниот тек во градот со барање за побрзо закажување на судскиот процес и побрза правда за 62-те жртви.
На обвинителна клупа треба да седнат 34 обвинети и три правни лица, кои ќе ги бранат 33 адвокати. за тешки дела против општата сигурност. Тие сите се товарат за исто кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ќе им се суди на поранешни министри, градоначалници, службеници од 2012 година натаму.
Новите осомничени функционери ќе се гонат со стари „поблаги“ санкции


