Фото: Street workout Macedonia

Street workout Macedonia организира заеднички тренинг за сите љубители на калистениката

Street workout Macedonia, заедно со спортските колективи Харкорд Менталитет и Kazushi Grappling, организираат заеднички тренинг за сите љубители на калистениката. Тренингот ќе се одржи на новиот професионален калистеникa парк во Аеродром, кој официјално беше отворен минатиот викенд. Ова е одлична прилика за сите спортски ентузијасти да се запознаат со нови тренинг техники, да разменат искуства и да се мотивираат за нови достигнувања.

Тренингот ќе се одржи утре, сабота, со почеток од 12:00 часот и е отворен за сите љубители на спортот, без оглед на тоа дали се професионалци, аматери или рекреативци. Настанот е дизајниран да понуди различни нивоа на интензитет, со цел да се задоволат потребите на сите учесници.

Фото: Street workout Macedonia

Тренингот ќе биде поделен во три нивоа на интензитет: основно ниво, средно ниво и напредно ниво.

Секој учесник ќе има можност да избере темпо кое одговара на неговата физичка подготвеност. Организаторите исто така ги охрабруваат учесниците да донесат дополнителна опрема, како kettlebells, ластици и тегови, за да се збогатат вежбите и да се создаде поголема разновидност во тренингот.

Фото: Street workout Macedonia

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот