Столтенберг ги отфрли руските обвинувања за украинска “валкана бомба”

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. / Фото: МИА

Генералниот секретар на НАТО денеска се сретна со романскиот премиер со кого разговарале за безбедноста на Црното море, Столтенберг ги отфрли руските обвинувања за “валкана бомба”.

Русија неколку дена уверува дека Украина се подготвува да употреби таканаречена “валкана бомба”. Ова денеска беше отфрлено од страна на шефот на Северноатлантската Алијанса, Јенс Столтенберг по средбата со романскиот премиер, Николае Чиука.

“Сојузниците го отфрлаат ова очигледно лажно обвинување и Русија не смее да користи лажни оправдувања за дополнителна ескалација на војната, изјави Столтенберг, нарекувајќи ги обвинувањата дека Украина ќе користи радиоактивна валкана бомба “апсурдни”.

Генералниот секретар повтори дека НАТО нема да биде заплашен во својата решителност да ја поддржи Украина и нејзиното право на самоодбрана, онолку долго колку што тоа ќе биде потребно.

Поради војната на Русија во Украина регионот на Црното море е делумно “воено поле” сег, а НАТО ќе го зајакне своето присуство од Црното до Балтичкото море, рече тој, вклучително со воена помош од Канада, Франција, Белгија, САД и Холандија.

Следната средба на министрите за надворешни работи на НАТО ќе се одржи токму во Букурешт идниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот