Фото: Valencia CF

Столе Димитриевски одбил понуда вредна 20 милиони евра

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во гостувањето во „Лазаров поткаст“ проговори искрено за неколку клучни моменти од својата кариера, неостварениот трансфер во Барселона, но и понудата од Саудиска Арабија.

Димитриевски потврди дека пред неколку години бил на чекор до потпис со каталонскиот гигант, но преговорите пропаднале во последен момент кога голманот кој во тоа време беше втор чувар на мрежата, Нето, одбил да замине.

Истовремено, до него стигнала и висока финансиска понуда од клуб од Саудиска Арабија, која одлучил да ја одбие.

„Сумата што ми ја понудија беше меѓу 10 и 20 милиони евра за три години. Но сметав дека не е моментот за преселба на Блискиот Исток, сакав да продолжам да се натпреварувам во Примера и да останам на највисоко ниво. Верувам дека имам уште четири-пет силни сезони пред себе“,
изјави македонскиот голман, додавајќи дека во иднина не ја исклучува можноста да замине во Саудиска Арабија, но само тогаш кога ќе почувствува дека е вистинскиот момент за таков чекор.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот