Стојковски: На прав пат сме – Новиот еврокомесар е оној што ѝ требаше на Македонија

Времето и истекува. Во март ќе се обидат да го затворат целиот процес – реформираната рамка за почеток на преговорите. Оптимизам постои, додава Стојковски. 

Без да го навредам комесарот Јоханес Хан, сметам дека новиот комесар е оној што ни требаше. Вистинско политичко водство кое ја влече работата понатаму. Работите се движат. Во овој момент ќе и биде многу тешко на Франција да каже не, а да не објасни зошто. Ако Франција добива некоја предност и сака да се наметне со блокирање на преговорите сега нема да може туку така тоа да го прави, изјави Андреја Стојковски, претседател на Центарот за европски стратегии во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.

– Времето на Франција истекува. Во март ќе се обидат да го затворат целиот процес – реформираната рамка за почеток на преговорите. Оптимизам постои – додава Стојковски.

– Во октомври пред самитот Македонија ги заокружуваше техничките делови за почеток на преговорите. Сега треба да кажеме каде Северна Македонија се наоѓа во секое од соодветните поглавја за да може ЕК да почне со изработката подготовката на преговарачките позиции. Се уште немаме преговарачки позиции, но тоа не значи дека во овој момент кога ќе се прават анализите нема да може тоа да го направиме – вели Стојковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот