Стојко!

Фото: Ерол Шаќири

Легитимна е неговата одлука, не се согласува човекот со одлуката на владата и не сака да ја спроведе, а е законски обврзан и редно е како поставен од таа иста влада да си поднесе оставка, не мора да чека да го разрешат. Последиците, пак, негативни ил позитивни, ќе си ги сноси владата. Мразам што ќе ја внесам етничката компонента, не заради неговата одлука за која сакам да верувам дека не се базира на етничката припадност (за човек кој не го познаваш е лицемерно да даваш квалификации), туку поради реакциите во јавноста и болните дискусии на социјалните мрежи.

Поголемиот дел од јавноста секое вработување по Рамковен кој е дел од Уставот (пропорционалната застапеност е обврска на државата) го квалификува како „полнење на администрацијата со неспособни Албанци“. Па зарем сите Албанци се неспособни?? Партиски вработувања на ДУИ и буквално сите се неспособни така? Нормално дека се партиски вработувања, а какви да бидат, тој систем е наследен уште од социјализмот и ниедна власт не смогна сили нешто да промени. ДУИ е 20 години на власт и ДУИ вработува Албанци, а какви се вработувањата на Македонците во овие 30 години од страна на СДСМ и ВМРО, никаде не слушнав вработување на неспособни Македонци? Или тие се сите квалитетни, само Албанците не се? Среќа што во администрацијата над 80% се Македонци, па затоа ни е толку добра и ефективна, замислете да беа тоа Албанци, Турци, Бошњаци, Роми…катастрофа.

Неколку години седат луѓето дома и земаат плата и тоа беше една од најголемите критики кон властите. Сега конечно се најде законско решение за овој проблем кое мора да се спроведе. Гледано, пак, од човечки аспект, сигурно повеќето од нив се чувствуваат бескорисно, се чувствуваат како паразити. Вработени на хартија, а без ден работно искуство, без можност за докажување, без можност за професионална изградба, без можност за унапредување. Тие кои не сакаа да работат си дадоа откази (само 13 ако не се лажам). Прочитав, за да се стане инспектор во ДПИ кој има потреба од истите, потребно е година дена искуство во фелата и полагање на испит со кој се добива лиценца која се обновува на секои 6 години. Како да стекнат искуство во фелата со седење дома? Еве го и решението, систематизирајте ги на работни места, обезбедете им тренинг од 12 месеци, нека учат, нека се запознаваат со работата, дајте им да полагаат испитот, па кој положи инспектор, кој не, дома, но овој пат без плата. Парите се и така потрошени, нема што да изгуби државата повеќе од она што е изгубено.

Но, обемна ни е администрацијата, така е, не обемна туку преобемна, но има решение и за тоа. Направете евалуација на етничките Македонци (почнете од тие кои по цел ден висат или по кафичи или на ФБ), сигурно ќе најдете 10 илјади неспособни и избркајте ги од работа, а на нивно место ќе вработите од другите етнички заедници и после продолжете со зачестени евалуации на работата, вака може? Ете на тоа ја сведовте дискусијата за жал, по не знам кој пат.

Стојко, стојко преку стојко веќе.

 

(Фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот