Сточар од Чашка изгризан од мечка која му усмртила крави и телиња, нападнатиот во шок цела вечер останал во колиба

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, кој завршил со повреди на грбот и телото и каснувања на двете нозе, од кои на едната посериозно.

Повредениот како што раскажа неговотo семејство бил под многу голем стрес, при што во првиот контакт со нив не можел и да комуницира.

„Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „колиба“, заедно со стадото крави, но таму изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош“, при што поминало цело едно деноноќие, информираа од ЦУК.

Блиските од семејството, во комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и друг пат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење.

Фото: ЦУК
Фото: ЦУК
Фото: ЦУК

„Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има усмртено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден. Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес – хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства“, дополнија од ЦУК.

Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот