Стил на неделата: Роза Настоска, планинарка

Елена Мирческа, нутриционистка и фитнес-инструкторка, за „Женски печат“ избра стил на неделата, а тоа според неа е планинарката Роза Настоска.

– Ако пишувам за неа под нејзиното вистинско име, никој во Македонија нема да знае за кого се работи, поради тоа ќе го користам нејзиниот прекар. Со Рокси одамна се сретнувавме по македонските планини одејќи со различни планинарски клубови, а во последните години и заедно. Таа е некоја која не можеш да не забележиш, прилично доминантна, алфа жена, со фасцинантна надмоќ во височините и интуитивно знаење и свесност за просторот и условите околу себе. Бескомпромисно знае да застане на чело на толпата и да води, а нејзината грижливост и трпеливост ти ја дава сигурноста што ти треба надвор од цивилизацискиот оклоп, во дивината.

И приватно е прилично темпераментна личност, која не дозволува годините да ги дефинираат нејзините чекори, колку повеќе години запишува во својата лична карта, толку поголеми чекори презема и на приватен и на професионален план. Па така, на повеќе од 50 години успешно ги искачи највисоките врвови во неколку земји, ќе ги набројам Ерџијас во Турција (3.917мнв), Атлас во Мароко (4.167мнв) и највисокиот Дамаванд во Иран (5.671мнв). Успешно заврши обука за планинарски водич и е на пат да се стекни со лиценца од Планинарската федерација на Македонија. Плановите што ги има за во иднина се во насока на развивање на планинарството како спорт меѓу женската популација.

Рокси е достоен пример како една жена може да ги разбие стереотипите за егзистенцијализмот на „понежниот пол“ во опшеството, а уште повеќе надвор од него, во височините. Јас сум почестена што ја имам како партнер за високогорски тури, но и како партнер за пиво муабет!, вели Елена Мирческа, нутриционистка и фитнес-инструкторка.

Елена Мирческа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот