Стерјовски: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија е избрзана и погрешна одлука

 Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, реагираше во врска со вчерашната одлука на албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, за воведување двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија.

Одлуката ја оценува како избрзана и погрешна, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени во Северна Македонија. Вчера, додава тој, кога беше донесена оваа одлука, во С Македонија имаше 135 заразени со Ковид-19.

-Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдо кај Дебар, кои, ползувајќи ја близина на границата со Македонија сопствената и егзистенцијата на нивните семејства ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија, наведува тој.

Посочува дека од Преспа, општина Пустец секојдневно во Македонија, влегуваат и излегуваат над 300 жители кои работат сезонски работи во селата на Преспа во Македонија.

За овие жители, приходот обезбеден со сезонска работа во Македонија за неколку месеци, е единствен приход за нивните семејства. Техничкиот комитет на експерти треба што побрзо ова недела да ја ревидира одлуката, бидејќи бројот на заразени лица во Македонија се намалува и не ја оправдува одлуката, изјави Стерјовски.

Албанија од денеска воведе двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција. Одлука за тоа вчера донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот