Стејт департментот на САД дозволи продажба на моќни ракети на Косово

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Кристофер Хил, објави дека САД и одобриле на Приштина да купи ракети „Џавелин“.

Во оваа прилика, како што се наведува, амбасадорот Хил го информирал претседателот Вучиќ за американската одлука да го прифати барањето на Приштина за набавка на противтенковски ракети „Џавелин“.

Но, претседателот Вучиќ во исто време рече дека оваа информација е големо разочарување за Србија, но и дека Србија заедно со САД ќе работи на зачувување на српско-американските односи.

За ова јавуваат и регионалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот