Кир Стармер и Володимир Зеленски фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Стармер: Велика Британија е подготвена да распореди војници во Украина ако заврши војната

Британскиот премиер Кир Стармер денес за време на разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Обединетото Кралство е подготвено да „ги распореди своите сили во Украина“ во случај на прекин на непријателствата, објавија денес британските медиуми.

Стармер и Зеленски разговараа за тековните активности на „коалицијата на добронамерните“ и подготовките за распоредување на мултинационални сили во Украина во случај на прекин на непријателствата, објави канцеларијата на британскиот премиер, според весникот „Гардијан“.

„Обединетото Кралство останува подготвено да ги распореди своите сили на терен за да го заштити Киев доколку има прекин на непријателствата“, потврди официјалниот портпарол на британскиот премиер.

Размислувајќи за преговорите во Женева и дипломатските дискусии што следеа, Стармер и Зеленски се согласија за важноста од обезбедување праведен и траен мир за Украина, а британскиот премиер потврди дека Украина може да се потпре на поддршката на Велика Британија додека дискусиите продолжуваат,.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот