Стапката на раст на кинеската индустрија под очекувањата

Инвестициите во приватниот сектор во основни средства, кои учествуваат со 60 отсто во вкупните вложувања, опаднале за 9,6 проценти од јануари до крајот на мај.

Кинеското индустриско производство во мај порасна за 4,4 отсто во однос на истиот месец претходната година, но стапката на раст е помала од очекуваната, покажуваат официјалните пресметки, пренесува „Ројтерс“.

Аналитичарите кои биле анкетирани од британската агенција предвидувале раст од 5. отсто на годишно ниво, по зголемувањето во април од 3,9 проценти, бидејќи во мај уште поголем број претпријатија почнале со работа, која претходно беше запрена поради вонредните мерки воведени кон крајот на минатата година поради епидемијата од Ковид – 19.

Трговијата на мало на годишно ниво потона на 2,8 отсто, што пак е над предвидениот пад од 2 проценти, но сепак укажува на знаци на опоравување на побарувачката на потрошувачите но предвид се има и дека април регистриран е пад од 7,5 проценти.

Продажбата бележеше надолен опаѓачки тренд четири месеци по ред бидејќи продавниците, рестораните и другите јавни места беа затворени за време на пандемијата. Но и покрај тоа што мерките за ограничување се ублажени, сепак граѓаните се внимателни.

Вложувањето во основни средства во периодот јануари – мај паднале за 6,3 проценти.

Инвестициите во приватниот сектор во основни средства, кои учествуваат со 60 отсто во вкупните вложувања, опаднале за 9,6 проценти од јануари до крајот на мај.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот