Стационарот за бездомни животни „Лајка“ се отвора после изборите (ФОТО)

Стационар за вдомување кучиња скитници„Лајка“ Фото: Град Скопје

„Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници и значително намалување на нивниот број на улиците.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави фотографии од новиот стационар за вдомување кучиња скитници со кој ќе раководи новото ЈП „Лајка“.

Стационар за вдомување кучиња скитници „Лајка“ Фото: Град Скопје

Тој најавува дека прифатилиштето ќе биде отворено веднаш по одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Стационар за вдомување кучиња скитници „Лајка“ Фото: Град Скопје

Стационарот „Лајка“ во споредба со „Вардариште“ ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација по стандардите пропишани во правилниот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина.

Стационар за вдомување кучиња скитници „Лајка“ Фото: Град Скопје

Дополнително максимално е искористен и надворешниот дел од објектот и ќе има 60 нови боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.

Стационар за вдомување кучиња скитници „Лајка“ Фото: Град Скопје

„Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници и значително намалување на нивниот број на улиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот