Српското семејство кое се бара како исчезнато е на Тасос, им се скршил телефонот па не можеле да се јават
Вчера на фејсбук профилот „Во живо од Грција“ инфомираа дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција. Во објавата се наведува дека тоа се Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ кои со двете ќерки во неделата заминале за Тасос.
Препорачано
Како што пренесува „Блиц“ семејството е на Тасос, им пукнал екранот на телефонот, па не можеле да се јават.
„Девојчето рече дека се е во ред и дека немаат интернет, но бабата тоа не го слушнала од родителите. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации“, пишува на групата Грчка инфо.
Информацијата дека семејството е добро ја потврдил за „Блиц“ братот на жената.
Семејството од Јагодина во неделата вечерта на 6 август заминале на одмор со двете ќерки. Границата со Македонија ја поминале нешто по 22:00 часот на 6 август, а грчката граница на 7 август во 12:30 часот. Последниот повик што го упатиле до своите најблиски дошол околу 22 часот и 30 минути во неделата, кога биле во близина на Прешево, во близина на границата со Македонија, а до денеска не се јавиле.


