Фото: Илустрација/EPA

Српски ММА борец убиен во Германија, уапсен за убиството е косовски Албанец

Во престрелка во Дизелдорф во неделата наутро, убиен е сопственикот на ресторанот, српскиот државјанин Александар Стефановиќ (38), а за делото е уапсен косовскиот Албанец Рустем Лапи (52).

Како што јавуваат германските медиуми, полицијата го уапсила осомничениот пред локалот, а истрагата покренала екипа за истрага за убиство.

Според полицијата, пукотниците се случиле околу 02:45 часот во центарот на Дизелдорф.

Во една кафеана во населбата дошло до расправија меѓу маж и сопственикот. Наводно, убиецот претходно замавнал со пиштол во ресторанот кој бил полн со гости.

Откако расправијата се преселила на предниот дел од зградата, мажот испукал неколку куршуми кон сопственикот на ресторанот, а потоа повторно влегол во просториите, информираат од полицијата и обвинителството.

Полицијата набрзо без отпор пред кафеаната уапсила маж вооружен со огнено оружје.

Уапсениот, според полицијата, е 52-годишен косовски Албанец, жител во Германија. Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.

Увидот за настанот и околностите во текот на ноќта го презеде увидна екипа за убиство. Полицијата засега не може да каже дали имало други учесници и кои биле мотивите за овој чин.

Според медиумите, жртвата е ММА борец од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот