Средношколски Сојуз: Една година затворени училишта, на институциите им се случи ERROR 404!

Фото: МИА

Помина цела година откако пандемијата ги затвори средните училишта. Поминаа 365 дена без еден средношколец да се врати во училишните клупи. Наместо да научат нешто од периодот март-јуни 2020 година и тоа време да го искористат за изготвување на јасна стратегија како и кога (средните) училишта ќе бидат повторно отворени, на институциите им се случи ERROR 404, се вели во соопштението на средношколскиот Сојуз по повод годишнината од затворањето на средните училишта во земјава поради коронавирусот.

Од Сојузот велат дека и покрај тоа што и тие се за комибинирана настава, сепак за нив таа не дава резултати, а нивните истражувања покажале какви недостатоци носи онлајн наставата.

„70 отсто од учениците рекле дека во нивниот клас има ученици кои не се поврзуваат на настава, а 80 отсто од испитаниците го оценуваат квалитетот на онлајн наставата со 1, 2, или 3“, додаваат од Сојузот.

Средношколците истакнуваат дека тоа се само краткорочни последици од наставата на далечина, наглсувајќи дека таа ќе влијае и врз менталното здравје на учениците, апелирајќи дека училиштата треба да се отворат.

„Заклучени катанци продолжуваат да бидат закачени на училишните порти дури и кога УНИЦЕФ вели дека приоритет на МОН треба да биде тие повторно да се отворат“, заклучија од Сојузот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот