Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Средношколците се закануваат: Или ќе донесете одлука за настава со физичко присуство или ќе се видиме на бојкот и помасовни протести (ФОТО)

Лидерот на средношколскиот сојуз Бленди Ходаи,денеска се обрати пред Влада пред присутните средношколци, наставници, но и родители кои протестираат против настава на далечина.

средношколци, протест
Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Да се образоваме правилно, точно и добро. Денеска сме собрани сите и наставници и родители и ученици за да го изразиме револтот од одлуката образовниот процес да продолжи онлајн. За нас оваа одлука е скандалозна. Пандемијата покажа колку е значајно образованието во едно општество. За Владата не се проблем преполните плажи и кафулиња, каде луѓето ги кршат мерките за заштита од Ковид, но проблем и е отворање на училиштата. Не сите семејства имаат услови за да им обезбедат онлајн учење на децата. Или донесете одлука за настава со физичко присуство или ќе се видиме на бојкот и помасовни протести – порача Ходаи пред Влада.

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Детската амбасада Меѓаши денеска преку соопштение изрази поддршка на напорите на средношколците да бидат слушнати и вклучени во донесувањето одлуки поврзани со начините на изведување настава во учебната 2020/2021 година.

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-Детскиот и младинскиот активизам, како вашиот денешен протест, се од централна важност за овој процес. Детската амбасада Меѓаши бара од надлежните во државата да ги земат предвид вашите барања при донесувањето на конечната одлука којашто ќе биде во најдобар интерес на сите вас, истакнаа од Меѓаши.

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот