Фото: Бреинстер

Средношколците од NU стануваат дел од европскиот проект GEN-E: “Learn to Earn” – интензивен курс за развој на претприемачки вештини

Средношколците на NU High School Academy оваа година активно учествуваат во европскиот проект GEN-E – Learn to Earn: Youth Startup Skills for the Creative Digital Economy, престижна иницијатива која има за цел да ги опреми младите на возраст од 15 до 24 години со претприемачки менталитет, практични знаења и алатки за да ги претворат своите идеи во вистински бизнис решенија. GEN-E претставува интензивен, 6-неделен hands-on курс преку кој учесниците го развиваат сопствениот стартап: го креираат својот производ, го обликуваат брендот, учат како да стигнат до клиенти, имаат специјален модул MVP, работат со вистински алатки и со поддршка од експерт-ментори. И се подготвуваат за својата pitch презентација. На крајот на курсот, секој учесник излегува со практични вештини, прототип и самодоверба да го стартува својот бизнис.

Курсот вклучува кратки видео лекции, квизови и задачи низ шест модули, покривајќи теми како: креирање бизнис план, маркетинг стратегија, финансиска писменост, продажни стратегии, развој на MVP и изработка на pitch deck. Сите задачи се прегледуваат од страна на ментори кои даваат персонализиран фидбек и водство. И најважно, младите учат како да заработуваат од своите идеи.

Учениците на NU – пример како може од најрана возраст да започне развивање на претприемачкиот дух

NU Академијата за талентирани средношколци е единствената образовна институција во Македонија која уште во средно им нуди на учениците програми насочени кон изучување на високоплатени професии, развивање претприемачки начин на размислување, финансиска писменост и учење на вештачка интелигенција од најрана возраст.

Учеството во GEN-E ја надградува оваа уникатна образовна понуда и ја потврдува проактивната мисија на NU, да ги подготви младите за иднината што сами ќе ја создадат. Преку поддршката на NU, GEN-E станува уште една силна можност младите да го развијат претприемачкиот дух од најрана возраст, да учат од европски експерти и да креираат конкретни решенија кои можат да прераснат во вистински стартап проекти.

Brainster дел од проектот која создаваат можности за младите во регионот

Проектот GEN-E е имплементиран од Brainster, во партнерство со DIH-ONEX (Босна и Херцеговина) и Bloconomy (Албанија). Заедно, организациите креираат платформа која им овозможува на младите од ЕУ, RIS земјите и Балканот да стекнат практични, применливи и современи дигитални и претприемачки вештини.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот