Средба Заев – Вучиќ кон крајот на септември или почетокот на октомври

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев најави денеска дека со претседателот на Србија Александар Вучиќ би можел да се состане кон крајот на септември или почетокот на октомври, поради „продолжување на започнатиот проект за регионална соработка“, алудирајќи на „мини Шенгенот“.

Заев во Куманово напомена дека „во тој проект на регионална соработка во последно време се приклучило и Косово“, дека црногорскиот претседател бил на последните состаноци, како и еден од членовите на Претседателството на БиХ и истакна дека тој проект треба да се покрене без оглед на пандемијата.

„Многу работиме на административното отстранување на бариерите, пред се на границите, поради побрз проток на стока и патници и веруваме дека на средбите кои претстојат веднаш ќе имаме информации и од српска страна кога тоа би можело да биде продолжено“, рече Заев.

Тој најави дека првиот следен билатерален состанок со Србија ќе го искористи и за разговор за отворање на граничниот премин Лојане – Миратовац, недалеку од главниот премин Прешево – Табановце, каде работите се запрени поради пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот