Фото: АРМ

Лафчиски и генералот Махони во Пентагон зборувале за Иран и за модернизација на македонската војска

Македонија и САД го потврдија тридецениското партнерство и соработка меѓу двете армии на средбата помеѓу началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, и заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Кристофер Махони.

Началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, за време на работната посета на Вооружените сили на САД оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Кристофер Махони, во Пентагон во Вашингтон.

На средбата, како што соопшти Армијата, се разговарало и за актуелните глобални безбедносни предизвици, со посебен осврт на влошената состојба на Блискиот Исток, како и за потребата од континуирана адаптација на армиските капацитети и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка во справувањето со современите закани.

Македонија и САД го потврдиле тридецениското партнерство и соработка меѓу двете армии. Лафчиски ја нагласил посветеноста на македонската армија кон регионалната и глобалната безбедност, посочувајќи го учеството на македонските војници во мировни мисии и активности на НАТО, вклучително и во мисијата „Форвард ленд форсес“ во Бугарија, Романија и во Летонија.

Во разговорите се зборувало и за процесот на модернизација на армијата, кој, според Лафчиски, е најголем во нејзината историја.

ФОТО | Шефот на Алијансата со порака до Македонија: Во НАТО никој не е сам, ги штитиме нашите сојузници

Тој го информирал Махони за опремувањето со нови лесни оклопни возила „Страјкер“ и „Џеј-ел ТВ“, како и за набавката на современи хаубици и друга воена опрема.

Притоа била истакната и претстојната вежба „Блесок 26“, која има за цел да ја оцени борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група.

Посебно внимание било посветено и на развојот на Воениот полигон „Криволак“, кој беше посочен како стратешки капацитет за изведување обуки и воени вежби од големи размери.

Според соопштението, постојат планови за дополнително унапредување на инфраструктурата и модернизација на полигонот со цел проширување на неговите можности.

Муцунски е во посета на САД, МНР ќе извести кога ќе заврши настанот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот