Тимчо Муцунски / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Муцунски е во посета на САД, МНР ќе извести кога ќе заврши настанот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е во повеќедневна посета на САД, но не се знае конкретно на каков и кој настан присуствува, ниту пак до кога ќе биде таму.

Министерството за надворешни работи не ја најави посетата, но на прашање на „Слободен печат“ одговори дека министерот Муцунски во Соединетите Американски Држави учествува на економско-инвестициски настан организиран од Светскиот економски форум.

„Учеството е по покана и опфаќа селектирана мрежа на актуелни и поранешни шефови на влади, министри и високи носители на одлуки во најголемите светски корпорации.

По завршувањето на настанот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе ја информира јавноста“, ни одговорија кусо од МНР.

Сепак, не добивме одговор на прашањето до кога ќе биде таму, а не се знае ни кога заминал. Неофицијално, Муцунски не бил во Скопје најмалку од 1 март, бидејќи на седницата на Советот за безбедност што ја свика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова министерот се обратил преку видео-бим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот