Фото: МНР

Средба Османи-Џаишанкар: Пред нас се отвораат широки потенцијали за јакнење на соработката во бројни области, пред се во ИТ индустријатa

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, денеска имаше средба со шефот на индиската дипломатија Субраманјам Џаишанкар.

Во фокус на разговорите беше развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските, соопшти МНР.

 

– Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите со Индија, со која иако географски оддалечени, тесно не’ поврзува ликот и делото на Мајка Тереза. Пред нас се отвораат широки потенцијали за јакнење на соработката во бројни области, пред се’ во делот на ИТ индустријата, агробизнисот, обновливите енергии, медицината и туризмот, нагласи Османи.

Тој истакна дека покрај развојот на соработката на билатерално ниво, потребно е заеднички да се работи и на поврзување на регионите, при што ја лансираше идејата за одржување Форум Западен Балкан – Индија.

 

– Задоволство ми е да ја претставам идејата за одржување Форум Индија-Западен Балкан, што има за цел регионално поврзување и разгледување на можностите за раст и развој во значајни области од интерес. На овој начин се отвара можност за продлабочување на економските односи, но и целокупната соработка меѓу нашите региони, истакна Османи.

 

На средбата стана збор и за соработката на мултилатерално ниво, при што беше поздравена значајната улога на двете земји на меѓународната сцена, особено во делот на адресирањето на актуелните глобални состојби преку претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и на Индија со Г20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот