Средба на Османи со Лавров и шефот на дипломатијата на Малта Борг

Фото: социјални мрежи, Лавров на средба со Осамни и Борг

Актуелниот претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска на маргините на 30-от Министерски совет,  ги повика министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, чија земја се очекува да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Од Министерството за надворешни работи инфооримираат дека средбата била свикана со цел да се обезбеди натамошното функционирање на институциите на ОБСЕ, во контекст на специфичните околности во кои се наоѓа Организацијата.

Предходно на фејсбук страницата на Амбасадата на Русија во Северна Македонија беше објавена фотографија од средба на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со претседавачпт на ОБСЕ, министерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата на Малта, Jaн Борг.

Во описот на фотографијата се вели дека станува збор за средба со „сегашниот и иден претседавач на ОБСЕ“.

Ова значи дека Русија е добиена согласноста по Македонија, идната година претгседавањето со ОБСЕ да и се довери на Малта. Треба да се има предвид дека во ОБСЕ одлучувањето е по принципот на консензус, што значи дека ако една членка е против, тогаш одлука нема.

Се смета, а такво уверување изрази и Османи, дека Малта е вистинското решение за да се избегне криза во дејствувањето на организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот