Фото: vfmkd.org.mk

Сребро за Александар Љафтов и Елоре во Средноевропската МЕВЗА одбојкарска лига

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим, унгарски Елоре го освоија сребрениот медал во Средноевропската МЕВЗА лига..

Во финалето одбојкарите на Елоре загубија со 3:2 во сетови (25:21, 25:20, 21:25, 14:25, 15:11) од хрватскиот претставник Мурса.

Во финалето кое траеше 131 минута, Елоре успеја да се врати од 2:0 негатива, но не и да стигне до титулата. Љафтов рализираше шест поени во овој дуел.

Интернационалецот и неговиот тим сега се насочуваат кон унгарското првенство каде се на лидерската позиција и еден од главен фаворит за шампионската титула.

-Никола Ѓоргиев и Карловарско од првата позиција во плејофот во Чешка

Капитенот на машкиот национален тим Никола Ѓоргиев и Карловарско во Чешка регуларниот дел од сезоната го финишираа на првата позиција на табелата, а викендов започнуваат со плејоф разигрувањето, каде првите шест екипи во Екстра лигата обезбедуваат директен пласман, а меѓу нив е и Карловарско како лидер. Во последниот дуел од регуларниот дел, Карловарско со 3:0 (25:22, 25:21, 25:22) славеше на гостувањето кај Брно, а Ѓоргиев беше МВП на мечот со 19 поени.

-Ристо Николов и Нефелс во финалето на плејофот во Швајцарија

Поранешниот репрезентативен среден блокер, Ристо Николов и неговиот Нефелс откако обезбедија финале во Купот на Швајцарија, сега го потврдија и пласманот во финалето на плејофот во швајцарското првенство. Во полуфиналето тимот на Николов го победи Шеноис со 3:1 (25:23, 25:16, 21:25, 25:22). Средниот блокер го одигра целиот натпревар и реализираше шест поени (четири од напад и два од блок). Искусниот интернационалец во моментов се наоѓа на второто место на листата на најдобри блокери, со 48 успешни блокови сезонава.

-Тренерот Ѓоко Јосифов со австрискиот Валдфиртел во полуфиналето на плејофот

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Ѓоко Јосифов од оваа сезона успешно „плива“ во тренерските води како стратег на австриски Валдфиртел, со кој ќе игра во полуфиналето на плејофот. Јосифов и неговиот тим во четвртфиналето го елиминираа Грац (две победи од по 3:1) и сега за предизвик го имаат тимот на Хартберг, кој претходно сезонава им застана на патот кон Куп финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот