СРД „Трофта” и НП „Маврово” со посебна грижа за збогатување и заштита на рибниот фонд

Акумулации / Извор: МИА

Продолжува грижата на надлежните во насока на збогатување на рибниот фонд на езерата и реките во поширокиот дебарски регион, со порибување на рибен подмладок набавен со сопствени средства и со помош на Министертото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По порибувањето на Дебарско Езеро со подмладок на крап извршено недоамна, деновиве со подладок на крап и автохтона пастрмка беа порибени река Радика и Мавровско Езеро.

-Благодарение на ресорното Министертво, сектор рибарство, бидејќи езерото нема економски концесионер, езерските води беа збогатени со 405 килограми односно околу 4.000 единки крап со просечна тежина од по 100 грама, вели Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво„Трофта”, концесионер на Дебарско Езеро.

Оценува дека оваа активност е добродојдена, бидејќи многу ќе се придонесе во збогатувањето на рибниот фонд и најавува дека како концесионер на езерото за рекреативен риболов, набрзо планираат повторно порибување со подмладок од крап и пастрмка.

Деновиве, пак, Националнот парк „Маврово” изврши порибување на река Радика и Мавровско Езеро.

-Во согласност со годишниот план за порибување, во Мавровско Езеро пуштени се 200 килограми подмладок од крап и 100 клограми подмладок од автохтона пастрма, додека во Радика 100 клограми автохтона пастрмка, потврдуваат од Управата на паркот.

Паралено со активностите за збогатување на рибниот фонд и Националниот парк и СРД „Трофта” водат посебна грижа за негова заштита, преку зајакнати рибочуварски служби, со што придонесоа рибокрадците да се сведат на минимум. Сепак несовесни има, чии обиди за недозволено ловење риба со мрежи многу ретко им успеваат.

Потсетуваат дека на споменатите ревири в недела (31 јануари) завршува забраната за риболов на пастрмка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот