Џони Деп и Ерик Дејн / Фото: EPA

Срцепарателен гест: Џони Деп му ја отстапил куќата на Ерик Дејн за време на неговата борба со болеста

Американскиот актер Џони Деп му ја отстапил една од своите куќи во Лос Анџелес на колегата Ерик Дејн по неговата дијагноза со амиотрофична латерална склероза (АЛС), објави таблоидот „Пејџ сикс“.

Според наводите, Деп му понудил на Дејн да живее во еден од неговите имоти над Сансет Стрип во Холивуд Хилс со договор за флексибилна кирија – да плаќа колку што може, а доколку не е во можност, да не плаќа воопшто. Извор близок до актерите изјавил дека со овој потег Деп сакал да му го намали финансискиот товар во период кога болеста брзо напредувала и кога трошоците за лекување и нега значително се зголемиле.

Дејн, кој стекна светска популарност со улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април 2025 година јавно соопшти дека му е дијагностицирана АЛС – прогресивна невродегенеративна болест што доведува до губење на мускулната контрола. До јуни истата година тој објави дека целосно ја изгубил функцијата на десната рака, а во телевизиско интервју призна дека состојбата се влошува.

Во текот на болеста, Дејн се ангажираше во подигање на јавната свест и истражувањата за лекување, приклучувајќи се на одборот на непрофитната организација„Таргет АЛС“, која финансира научни проекти насочени кон развој на третмани и потенцијален лек.

Семејството соопшти дека актерот починал на 53-годишна возраст, опкружен со најблиските, по, како што наведоа, „храбра и достоинствена борба со болеста“. Во изјавата беше нагласено дека до последните денови останал посветен на семејството и на мисијата да помогне на други пациенти со истата дијагноза.

Според истите извори, Деп и Дејн се запознале преку заеднички пријатели пред неколку години. Дополнително, се наведува дека Деп понудил сличен аранжман и на актерот Мики Рурк, кој неодамна се соочи со финансиски проблеми и иселување поради неплатена кирија.

ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот