Србинка загина од струен удар копајќи биткоин
Со неодамнешниот пораст на цените на пазарот за дигитални производи, криптовалутите се вратија во центарот на вниманието на јавноста во Србија, пренесува Блиц Бизнис.
За многумина, кои се скептични и несигурни во врска со инвестициите и тргувањето со акциите преку криптовалути, многу повеќе внимание привлекува т.н. криптовалута „рударство“. Во Србија, во повеќето случаи, луѓето „копаат“ со графички картички и компјутерски процесори, а „рударите“ најчесто избираат да копаат етериум.
Маја М. од Белград беше една од нив. Таа неодамна беше убиена од струен удар додека инсталирала кабел на нејзиниот компјутер со кои „копала“ криптовалути. Несреќната жена била дел на големиот број на луѓе кои во последно време се почесто се дел од оваа работа во Србија, а и аработуваат сериозни суми на пари.
Настрана од конвенционалната заблуда дека копањето на биткоини е непрофитабилно, сепак заработката е повеќе од атрактивна, и како во повеќето случаи, добивката ќе биде повисока отколку почетна инвестиција.
Според пресметката на „Блиц Бизнис“, ако оставите една од овие машини да „копа“ етериум секој ден од годината, ќе ископате околу 1,66 етериум, а кога ќе ги одземете месечните трошоци и цената на опремата ќе останете со речисти 1.480 долари.
Што е всушност копањето на криптовалути?
Копањето, во суштина, е синоним за процесот на создавање или собирање на одредена криптовалута. Но, како што вели Игор Мирковиќ од размена на крипто ECD за „Блиц Бизнис“, копањето на криптовалути е повеќе од тоа.
„Копачите се неопходни за да функционираат криптовалутите базирани на „блокчејн“ и концептот за валидација „Доказ за работа“, бидејќи тие се дизајнирани по принцип на мрежа во која корисниците можат да пренесуваат средства едни на други без да се потпираат или зависат од било кое централно тело, така и децентрализираните копачи се основа на секој блокчејн, посочува Мирковиќ.
Тој додава дека во секоја трансакција на блокчејн мрежата, потребно е да се решат сложени алгоритамски задачи, бидејќи тие се користат за потврдување и снимање на сите промени на самата мрежа.
Колку чини опремата за „копање“?
Со исклучок на случаите на екстремно скапи технологии за копање на одредени криптовалути, како што е случајот со процесорите „ASIC“ , потребни за копање биткоин, има и поисплатливи начини за вршење на овој бизнис. Повеќето криптовалути бараат графички картички и процесори за копање. Во основа, 8 картички се поврзани, а тие осум се поврзани со мрежа на други копачи преку софтвер (на пр. SimpleMiningOS).
Самите компоненти не се евтини, а бидејќи светот е потресен од недостаток на полупроводници и микрочипови, нивната цена постојано расте. Според грубите проценки за креирање на нова платформа за копање, новата машината за копање на криптовалути чини околу 2.000 евра, додека цените на половните се драстично пониски, но постои ризик самата машина да работи лошо или воопшто да не работи.ж
Главниот трошок за копањето, покрај сметката за Интернет, е сметката за електрична енергија, која може да биде исклучително висока, што секако зависи од силата на „копачот“, т.е. неговите станици за копање.
Колкава би била заработката?
Ако ги земеме за пример копачите на етериум, со моќност од 190 мега хаши, овој копач може да „произведува“ 0.004560 етериум дневно, што по сегашните цени (1 етериум вреди 3.431 долари денес) е околу 15,64 долари. Може да се ископа 0,1368 етериум месечно, или 469,3 долари. Еден таков уред ископува 1,66 етериум годишно, така што може да заработи 5.695 долари.