Србија во шок: Три самоубиства на млади лица во Белград во рок од неколку часа

Српска полиција/ Фото: МИА

Српскат јавност е во шок откако вчеравечер околу 19 часот во Батајница, во помошен објект, пронајдено е мртво телото на малолетно девојче кое си го одзело животот со бесење, објави „Новости“.

Само еден час подоцна, околу 20 часот, во куќа во центарот на Белград 25-годишник се самоубил со огнено оружје.

Трагедијата се продлабочила откако се случило и трето самоубиство во Белград кога дваесетгодишна девојка си го одзела животот скокајќи од зграда.

Mладата девојка по скокот паднала на паркиран автомобил и давала знаци на живот. Иако била брзо пренесена во Ургентниот центар, набргу им подлегнала на повредите.

Се уште нема детални информации за мотивите, полициската истрага е во тек, пишува српски „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот