Србија субвенционира вработување на странци, услов е платата да е 1.820 евра

Unsplash
Програмерите и натаму „водат“ со висината на платите/ фото: ЕПА

Владата на Србија на последната седница донела уредба за субвенционирање на компаниите, странски или домашни, кои работат во Србија, а кои вработуваат новодоселени лица во земјата. Тоа практично значи дека компаниите кои ќе се решат да вработат странци кои се неодамна доселени во Србија имаат право на субвенција по работник.

Право на субвенција имаат лицата кои се вработени кај работодавачот до крајот на следната година. Освен странци, се субвенционираат и Срби повратници од странство или Срби кои студирале надвор од државата.

Новата регулатива предвидува стимулации за работодавачите кои вработуваат луѓе кои се барани на пазарот на трудот. Како што се наведува во соопштение на српската влада, услов е нововработениот работник да има основна плата од најмалку 300.000 динари, што е околу 1.820 евра нето.

Услов е и новодоселеното лице да не престојувало на територијата на Србија повеќе од 180 дена во периодот од две години од денот на склучувањето на договорот за вработување кај работодавачот.

Инаку, субвенцијата е во висина од 70 отсто од данокот на плата за едно или повеќе нововработени лица и 100 отсто од пресметаните и уплатените придонеси за задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот