На Србија ѝ недостигаат милион прасиња

Со одлука на Владата на Србија, на иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од годинава е укината царината за увоз на гоење прасиња со тежина до 50 килограми.

Укината е и давачката од 8,7 динари за килограм за гоење прасиња и говеда, што според ресорната министерка Јелена Танасковиќ треба да помогне за подобрување на сточарството во Србија. „Оваа мерка е донесена како мерка да им помогнеме на нашите земјоделски производители со идејата за обновување на добитокот во Србија.

Според проценките и анализите за претходните две години, што ги правеа Републичката статистика, Стопанската комора на Србија, како и Министерството за земјоделство, во моментов ни недостасуваат околу милион прасиња за да го пополниме капацитетот на фармите“, рече министерот Танасковиќ, објави Политика рс.

Таа додаде дека во претходниот период сточниот фонд е намален и дека стратешка цел на Министерството за земјоделство и на целата држава годинава е неговото зголемување, при што акцент ќе биде ставен на свињарството и сточарството.

Танасковиќ истакна дека овие мерки ќе им овозможат на производителите да увезат висококвалитетни прасиња на краток рок, во текот на една година колку што трае нивното спроведување. Според неа, поради укинувањето на царините и давачките, државата ќе биде во загуба од околу една милијарда динари, колку што е приходот од овие два извори минатата година. Инаку, најмногу прасиња во Србија се увезуваат од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот