Србија донира 100.000 евра за обнова на родната куќа на Јосип Јелачиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српската влада уплатила 100.000 евра на Хрватскиот национален Совет (ХНС) за обнова на родната куќа на Јосип Јелачиќ во Петроварадин, објави денеска ХНС. Со обновата ќе биде опфатен ентериерот на откупениот дел на објектот, поточно подрумските простории, приземјето и стан на првиот кат во кој живеел Јелачиќ.

Активностите би можеле да започнат за два месеца и ако се оди по планот ќе бидат завршени кон средината на годината, рече Дарко Полиќ, управител на Фондацијата „Спомен дом на Јосип Јелачиќ“.

– Мило ми е што и Србија, покрај Хрватска, во последно време презема грижа за правата на Хрватите во Србија. Единствцено така може да бидеме задоволни и лојални и граѓани кои придонесуваат за раст и се гордост за двете држави, истакна, меѓудругото, претседателката на ХНС, Јасна Војниќ.

Од ХНС потсетуваат дека српската влада со 600.000 евра го финансираше и откупот на дел од куќата на Јелачиќ која по 75 години е вратена во сопственост на хрватската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот