„Спутник В“ е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Руската вакцина против ковид-19, „Спутник В“, е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот на коронавирусот, а тоа е помалку одошто се мислеше претходно, соопшти денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесува ТАСС.

Производителите на вакцината во јуни соопштија дека „Спутник В“ е околу 90 ефикасен против делта.

Мурашко додаде дека ефикасноста на „Спутник В“ против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.

Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денес порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот