Спречен напад врз Рајхстагот!

Рајхстаг/ Фото Markku Rainer Peltonen / Alamy / Alamy / Profimedia

Германската полиција објави дека спречила група десничари да извршат државен удар во Берлин, јави Ројтерс.

Во координирани рации низ цела Германија приведени биле 25 екстремни десничари, вклучувајќи и поранешни офицери, осомничени дека планирале оружен напад врз Рајхстагот и преземање на власта. Во центарот на планот бил 71-годишен Германец, познат како „Принцот Хајнрих Тринаесетти“.

Меѓу приведените се двајцата водачи на движењето Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое полицијата долго време го следи поради ширење теории на заговор, отфрлање на федералната република и насилни напади. Нивната цел била да ја преземат власта и да воспостават нов систем, базиран врз германската држава од 1871 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот