Спречен бомбашки напад во Париз, цел била филијала на Банката на Америка
Француската полиција спречи бомбашки напад пред зградата на Банката на Америка во Париз и приведе едно лице, соопштија властите, пренесува Ле Монд.
Препорачано
Инцидентот се случил рано утринава кога полицајците забележале двајца осомничени како носат торба за пазарење во близина на зградата на банката.
Еден од осомничените, кој држел запалка, се обидувал да го активира уредот, објави Скај Њуз, а другиот осомничен успеал да избега.
Париската полиција одбила да коментира за случајот. Националното обвинителство за борба против тероризмот отвори истрага под сомнение за кривични дела поврзани со тероризам.
„Сета чест за брзата интервенција на полициската единица на префектурата во Париз, која спречи насилен чин од терористичка природа во Париз во текот на ноќта. Будноста останува на многу високо ниво. Ги пофалувам сите безбедносни и разузнавачки служби, кои се целосно мобилизирани под моја надлежност, во сегашниот меѓународен контекст,“ изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


