Спотифај/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Спотифај не ја поштеди ни Македонија, и ние ќе плаќаме поскапи премиум услуги

Стриминг платформата за музика „Спотифај“ ги зголеми цените за своите премиум услуги во неколку земји, a известување за новите цени добија и корисниците од Македонија. Индивидуалниот план кој чинеше пет евра, од септември ќе чини 5,5 евра, дуо пакетот ќе чини 7,5 евра, семејниот 9 евра, а студентскиот план ќе чини три евра. Овој потег на Спотифај доаѓа откако компанијата за слушање музика објави дека сака да ја зголеми профитабилноста во неизвесната економија.

„Спотифај“ ги зголеми цените и во САД, Велика Британија и Австралија. За разлика од Македонија, во овие земји значително повисоко е зголемувањето на премиум пакетите. Па така, во САД индивидуалниот пакет сега започнува од 10,99 долари, дуо услугата од 14,99 долари, а семејната услуга од 16,99 долари. За студентите услугата ќе биде 5,99 долари.

„Спотифај“ ја зголеми цената на премиум услугите во неколку земји

Музичката платформа Спотифај во Македонија е достапна од 2020 година. Според податоците од Start.iо, активни се 31,678 корисници, а најголем број или 37,1 отсто од корисниците во Македонија се во возрасната група од 18 до 24 години. Месечно, спотифај има 515 милиони активни слушатели, од кои 210 милиони се премиум претплатници.

Фото: Принтскрин, Start.iо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот