„Спотифај“ ја зголеми цената на премиум услугите во неколку земји
„Спотифај“ ги зголеми цените за своите премиум услуги во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Австралија, откако компанијата за слушање музика објави дека сака да ја зголеми профитабилноста во неизвесната економија, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Потегот ќе резултира со зголемување на цената за 1 долар месечно за американските корисници, при што сингл премиум услугата сега започнува од 10,99 долари, дуо услугата од 14,99 долари, а семејната услуга од 16,99 долари. За студентите услугата ќе биде 5,99 долари.
Зголемувањето на цените доаѓа во време кога стриминг услугите, и аудио и видео, се под зголемен притисок од инвеститорите да ја зголемат профитабилноста по години кога приоритет беше растот на корисниците.
Ривалите како Епл мјузик и Тајдл исто така ги зголемија цените оваа година, додека Јутуб, исто така, минатата недела ги зголеми цените на своите месечни и годишни премиум услуги во САД за прв пат откако услугата за претплата беше лансирана во 2018 година.
„Спотифај“, кои во април посочија дека ќе ги зголемат цените во 2023 година, го направија истиот потег во 46 земји минатата година.


