Спилберг се откажа: Повеќе нема да биде режисер на франшизата „Индијана Џонс“!

Славниот режисер, Стивен Спилберг, се откажа од режирање на петтиот дел од франшизата „Индијана Џонс“, пишува „Варајети“.

После првиот филм на Индијана Џонс, снимен пред 39 години, ликот кој го прослави актерот Харисон Форд, Стивен Спилберг одлучи да ја предаде режисерката работа на некој помлад.

Режисерот на филмот „Форд против Ферари“, Џејмс Манголд би можел да го преземе „кормилото“. „Варајети“ пренесува дека разговорите со Манголд се во тек.

Идејата некој друг да го режира петтиот дел од филмот е во целост на Спилберг, пренесуваат медиумите, затоа што тој сака да го „пренесе камшикот на Индијана Џонс“ на помладата генерација.

Спилберг, сепак, се очекува да остане продуцент на филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот