Фото: Телма / скриншот

„Спиеме со тренерот во брачен кревет, храната не е доволна“: Учесници на ЕМОФ се жалат на условите

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) кој неделава се одржува во Скопје и Куманово, донесе неколку илјади млади спортисти во земјава, а тој се одвива со полна пареа и многу ентузијазам. Но, надвор од спортските полиња, вниманието сè почесто се насочува кон условите за спортистите.

По бројните видеа, статуси, и коментари на социјалните мрежи, кои укажуваат на организациски пропусти, телевизијата „Телма“ разговараше со дел од спортистите, кои ги потврдија впечатоците.

„Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”, вели за „Телма“ одбојкарката од Полска, Агата.

„Јас мислам дека храната не е добра, можеше да биде подобра. Не е вкусна, не ни се допаѓа. И мала е порцијата“, вели Антонина Павловска, одбојкарка.

„Немаме тоалет за девојки во собите. Во однос на храната, таа е малку за нас девојките, кои спортуваме на топло време. Информиравме за недостатоците, секој ден кажуваме за тоа“, вели Ашја Штурек, која додава дека им било одговорено дека тоа било веќе испланирано и дека не можат да направат промени“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот