ВИДЕО: Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија – паднала плоча од спуштениот плафон во бањата
Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во сместувањето, каде паднал поголемиот дел од една плоча од спуштениот плафон, отворајќи голема дупка на таванот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, пишува Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот: „Уникатно искуство“.
Во објавата не е наведено дали таа е сместена во Скопје или надвор од главниот град.
@anaestrellaa_ JAJAJAJA no tenemos ni más de 72h y ya se nos cae el techo #macedonia🇲🇰 #juegosolimpicosjiveniles #techo ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧
Илјадници млади спортисти во моментов се во Скопје и во земјава, каде учествуваат на Младинскиот европски олимписки фестивал, најголемото спортско натпреварување на кое Македонија била домаќин, кога е бројноста на спортистите во прашање.


