Спектакуларно полуфинале, Атлетико со пресврт во финишот ја совлада Барселона (ВИДЕО)

twitter/Atlético de Madrid

Мадридскиот тим ќе игра против Реал во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Атлетико Мадрид со натпревар полн со пресврти успеа со 3:2 да ја совлада Барселона во второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп кој се играше на стадионот „Ал-Ахли“ во Саудиска Арабија.

Сите пет голови паднаа во второто полувреме, а гол серијата ја отвори Коке во 46. минута.
Барселона направи пресврт преку Меси и Антонан Гризман.

Но, кога навивачите помислија дека во недела ќе следат ново Ел Класико, Атлетико Мадрид со два гола, првиот на Алваро Мората во 81. минута од пенал, а пет минути подоцна и преку Коке направи целосен пресврт и дојде до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот