Спектакуларно откритие: Израелски научници пронајдоа нов вид праисториски луѓе досега непознати за науката

youtube
foto> printskrin jutjub

Коски пронајдени во израелскиот каменолом припаѓаат на гранка од човечкото еволутивно дрво и се стари меѓу 120.000 и 140.000 години, објавија израелски научници.

Антрополозите од хебрејскиот универзитет во Ерусалим и Тел Авив со години анализирале фрагменти од череп, коски на долната вилица и  заби откриени во 2010 година во Нешер Рамла, југоисточно од Тел Авив.

Тие ги споредиле со стотици фосили ширум светот кои потекнуваат од различни периоди и откриле дека овие фрагменти веројатно припаѓаат на досега непозната група хоминини, која е тесно поврзана со неандерталците и има многу сличности со нив, како што е формата на долната вилица. Научниците го нарекоа овој нов подвид на хомининот „Нешер Рамла“.

Овој вид е многу различен од современиот човек

„Нешер Рамла“ можеби живеел со хомо сапиенс повеќе од 100.000 години и веројатно се помешал со нашиот вид, велат научниците.

Овие рани луѓе, кои имале многу големи заби и немале брада (во анатомска смисла), можеби биле и предци на неандерталците, пишува „The Times of Israel“.

Долната вилица и дел од черепот биле анализирани на скенер

-Морфологија на луѓето „Нешер Рамла“ дели одлики и со неандерталците (особено забите и вилицата) и архаичниот Хомо (черепот). Во исто време, овој вид хомо е многу различен од современиот човек и има сосема поинаква структура на черепот, многу големи заби и нема брада – велат научниците.

Израелските антрополози сметаат дека видот „Нешер Рамла“ е првобитната „популација од која се развиле повеќето луѓе од средниот плеистоцен“ и дека се парел со хомо сапиенс, кој пристигнал во областа пред околу 200.000 години.

Ова ново истражување ги поддржува претходните студии кои покажаа дека хомо сапиенс и групи слични на неандерталците се преклопуваат на Блискиот исток за значителен временски период, веројатно неколку десетици илјади години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот