Спектакл во Келн: Барселона останува на европскиот ракометен трон, во пенал рулетот подобра од Киелце

Фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

Ракометарите на Барселона остануваат на европскиот трон откако во спектакуларен натпревар го совладаа Киелце. Барселона со совлада Киелце со 37:35 по подобро изведување на седмерци и п 11 пат триумфираат во Лигата на шампионите. Регуларните 60 минути завршија со резултат 28:28, а по продолженијата беше 32:32.

Барселона стана првата екипа што ја одбранила титулата откако е воведен завршниот турнир кој од 2010 година се игра во „Ланксес“ арената во Келн.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Барселона во финалето успеа да слави над тимот кој во ноември минатата година и ја прекина шестгодишната серија без пораз во „ Блауграна“.

Финалето беше спектакуларно, Барселона поведе со 5:2, но Киелце успеа да фати резултатски приклучок благодарение на голманот Андреас Волф кој имаше неколку интервенции и ги врати  Полјаците целосно во натпреварот.

На одмор сепак се замина со минимално водство на Барселона од 14:13, по голот што во последната секунда го постигна одличниот Алеиш Гомез Абељјо. Во второто полувреме се водеше голема борба за секој гол, ниту една екипа немаше поголема од еден гол и очекувано во финиот се влезе максимално неизвесно.

Фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

На пет минути до крајот беше 25:25, Киелце поведе од пенал, а Барселона одговори со два гола преку Мем и Нгесан за 27:26. Каралек погоди за 27:27, а Абељо веднаш и носи ново водство на Барселона која во последната минута имаше напад за титула, но Мем шутираше крај дирекот, оставајќи му последен напад на Киелце за израмнување. Во последните секунди, Каралек ја искористи заспаноста на противничката одбрана и погоди за 28:28.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во продолженијата, и двете екипи играа попретпазливо, и тоа донесе само три гола за пет минута. На стартот од второто продолжение Дани Душебајев израмни на 30:30, за потоа Морито да погоди за 30:31 за Киелце.

Бенгоечеа погоди за 31:31, а во драматичниот финиш Дика Мем погоди за израмнување од 32:32, по што Киелце го имаше последниот напад но Барселона успеа да се одбрани.
Во пенал рулетот, единственото промашување го имаше Алекс Душебајев во третата серија, додека сите сите пет ракометари на Барселона беа прецизник и на крајот се радуваа на 11 европска титула.

Најдобриот стрелец во ЛШ, Алеиш Гомеш ја предводеше Барселона со девет гола, Мем и Тимоти Нгесан дадоа по пет гола, додека кај Киелце, браќата Душебајев, Вујовиќ, Кулеш, Каралек и Морито дадоа по четири гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот