Спасовски: Засилени полициски контроли за Водици

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По денешната средба на министерите за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски и црногорскиот министер Сергеј Секуловиќ, во одговор на новинарско прашање Спасовски истакна дека со МПЦ е постигнат договор да не се одржи утрешното празнување на Водици. 

Спасовски истакна дека МВР имале состанок со МПЦ и дека е договорено да не се одржи традиционалното фрлање на крстот.

– Во текот на утрешниот ден ќе имаме засилени полициски контроли и секој кој нема да ги почитува забраните и протоколите ќе биде соодветно казнет – изјави Спасовски по средбата со Секуловиќ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот