Спасовски му го честита 100 роденден на Никола Стојановски, претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ на Македонија

Фото Фејсбук Оливер Спасовски

Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, со срдечни желби за добро здравје и понатамошни успеси!, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Д-р Стојановски, ви посакувам да Ве служи здравјето уште многу години! Нека Вашата посветеност, одважност и мудрост продолжат да бидат инспирација за секоја следна генерација во нашата држава, но и пример за сите членови на Сојузот на борците и продолжувачите, објави Спасовски.

Инаку, д-р Никола Стојановски, напиша министерот Спасовски, е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна, а веќе втор мандат ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.

Роден во велешко, завршил Медицински факултет во Белград и речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав, а бројните одликувања и признанија говорат за несебичната заложба за напредок на граѓаните и државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот