СП: Нигерија без милост, Полска „три од три“ (ВИДЕО)

fiba.basketball

Полските кошаркари ги победија сите три меча во групата и од првото место одат во главната рунда. За второто место во А групата во директен дуел ќе одлучуваат домаќинот на шампионатот Кина и Венецуела. Овој меч почнува од 14.00 часот.

Беа убедливи против Брегот на Слоновата коска, иако после првото полувреме предноста беше само „плус четири“ (36:32) за Полјаците. Вашински беше прв стрелец со 16 поени, два помалку забележа Кулиг, а во африканската селекција се истакна Абуо (23 поени).

Во натпревар без значење Ангола по едно продолжение триумфираше над Филипини (84:81, 73:73), а во групата Д за првото место ќе играат Србија и Италија од 13.30 часот.

Нигерија во групата Б беше убедлива против Јужна Кореја (108:66) на „крилјата“ на Ерик кој забележа 17 поени, а најнеизвесно беше на дуелот од групата Ц помеѓу Порторико и Тунис.

Последната четвртина беше решавачка кога Порториканците забележаа триумф од 67:64, а прв стрелец во победничките редови беше Балкман со 14 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот